ПРЕСИНГ: Лазаров со дилема – да се нападне со сите или или да се тактизира?

Да се одигра брза игра, со многу трчање против селекција како Норвешка не е многу паметно , но од друга страна мора да бидеме свесни дека во игра 6 на 6 тешко ќе доаѓаме во ситуација на чист шут, имајќи предвид дуел играта на противникот и компактноста на зоната. Норвешка има одличен голман во Торбјорн Бергеруд како надополнување на цврстата зона предводена Гулеруд, Северас и Оверби. Можеме да очекуваме, имајќи предвид бројот на пивоти кои ги поведе во Краков, нашиот тим да одигра напад 7 на 6, оставајќи простор истите да имаат повеќе употребливи топки и чисти позиции, а како второстепена цел спуштање на зоната на противникот во плитка формација и создавање простор за Филипш Талески за постигнување погодоци од 8-9 метри.

Стартуваше светското ракометно првенство во Полска и Шведска, традиционално, со натпревар на домаќинот (или во случајов кодомаќинот) против селекција со висок рејтинг. Селекторот Лазаров го скрати списокот на патници за Краков, одредувајќи 18 ракометари кои ќе ги бранат боите на Македонија, меѓу нив само два голмани и дури четворица пивотмени. Првото коло не донесе изненадување, иако некои „големи“ селекции добро се испотија за да стигнат до првите бодови на првенството…

Добредојдовте во мојата колумна ПРЕСИНГ, која за време на СП во Полска и Шведска  „се емитува“ на специјализираниот портал, 24 Ракомет

НОРВЕШКА Е ПРВА НА МЕНИТО НА СЕЛЕКТОРОТ ЛАЗАРОВ – ДА СЕ НАПАДНЕ СО СИТЕ СИЛИ ИЛИ ДА СЕ ТАКТИЗИРА?

Селекција која е веднаш зад четририте големи фаворити за највисок пласман е денешен, прв противник на нашата селекција во рамките од „Ф“ групата на СП. Предводени од довчерашниот помошник тренер, а сега селектор Јонас Виле, Норвешка нема да го промени својот стил на игра. Спротивно на тоа, Македонија, во отсуство на пензионираните Лазаров, Стоилов и Миркуловски, логично ја забрза играта во ситуација кога тешко „решаваме“ поставена зона на пртивникот.

Но, како да се одигра против селекција која има стил кон кој стреми селекторот Лазаров?

Да се одигра брза игра, со многу трчање против селекција како Норвешка не е многу паметно , од друга страна мора да бидеме свесни дека во игра 6 на 6 тешко ќе доаѓаме во ситуација на чист шут, имајќи предвид дуел играта на противникот и компактноста на зоната. Норвешка има одличен голман во Торбјорн Бергерут како надополнување на цврстата зона предводена Гулеруд, Северас и Оверби. Можеме да очекуваме, имајќи предвид бројот на пивоти кои ги поведе во Краков, нашиот тим да одигра напад 7 на 6, оставајќи простор истите да имаат повеќе употребливи топки и чисти позиции, а како второстепена цел спуштање на зоната на противникот во плитка формација и создавање простор за Филип Талески за постигнување погодоци од 8-9 метри.

На другата странана теренот, размислувајќи како да се спротистави оваа Македонија на една селекција која во својот генетски код има вметнато напад на 6-0 зона, доаѓаме до главната дилема, а тоа е: Дали селекторот Лазаров на овој натпревар ќе ги отоври сите карти и ќе „пука“ со цел раположлив арсенал или сепак ќе се реши тактички, да ги одмори ровитите Талески и Митревски и ќе се подготвува за следните дуeли со Аргентина и Холандија???

Доколку треба да се одигра (или да се обидеме да одиграме) натпревар во кој ќе „бркаме“ бодови против Норвешка, можеме да очекуваме Македонија да одигра зона 5-1 со Атанасиевиќ како преден играч, агресивна, со длабоки антиципации на нашите играчи на позициИ 2 и 5 со цел успорување на протокот на топка, насочувања на нивните бекови кон средината и крајно ограничување на нивниот најдобар играч Сандер Сагосен на позиција централен бек. Норвешка на левата страна нема класичен бек шутер, но ги има О’саливен и Јоханесон, како поддршка на Сагосен, играчи кои можат сами да создадат ситуација и да „вработат“ пивот. На другатра страна се Род и Рајкинд кој се „тешка артилерија“ и можат да шутнат и од 10-11 метри. Тоа се играчи на кои треба да им се создаде ситуација и нашата шанса е на таа страна. За жал, крилните играчи на нашиот денешен пртивник се, нормално за скандинавските земји, од најквисока класа.

Селекторот е пред тешка одлука. Дали да ги заштити своите перјаници кои се повредени, да ги скрие своите адути или да јуриша на Норвешка со се што располага. Одлука за големи „играчи“ и тренери.

„ЕКСПЕРТИТЕ“ НА СУВ КВАЛИТЕТ ПРОТИВ ДОМАЌИНОТ, СЛОВЕНИЈА РУТИНИРАНО ПРОТИВ САУДИЈЦИТЕ

Како дел од квалитетната, група „Б“ Полска и Франција го отворија 28-то светско ракометно првенство, со натпревар пред, очекувано, полни трибини со, доминатно, полски навивачи. Потешко од очекуваното, на сув квалитет или во спортски жаргон кажано, на мускули, „експертите“ успеаа да ја совладаат домашната селеција и да освојат важни бодови за следната фаза. За првпат по долги години, Франција без класичен дефанзивец во составот, натпреварот го стартуваше со два кружни напаѓачи, Турна и Фабрегас на централните позиции, наметнувајќи силна (на граница со груба) дуел игра, игра која долги години им носи резултат и ги вади на површина физичките предиспозиции на момците на Жилин Жил. Во нападот, поради дефицит на класичен среден бек и организатор, Жилин Жил веќе подолГ на позицијата организатор го користи леворакиот Недим Ремили. За обележување е скромната креативност во нападот на Франција, решавајќи ги ситуацииите благодарение на индивидуалните квалитети на Ремили и Мем и искуството на големиот Никола Карабатиќ на бековските позиции, и феноменалниот пар кружни напаѓачи кои одлично се надополнуваат. Полска покажа квалитет, но и доста недостатоци во играта. Браќата Гебала на централните позиции во одбранбената зона се вистински бедем, но во нападот, покрај Симон Сичко, кој иако ровит сепак одигра одличен натпревар, селекторот Патрик Ромбел нема многу квалитетни опции. Со еветуална победа над Словенија, Франција, имајќи предвид групата со која вкрстува во следната фаза (Шпанија, Црна Гора…) со едната нога е во 1/8 финаето.

Словенија и полесно од очекувањата ја совлада Саудиска Арабија, која иако од клупата е водена од данецоит Јан Питлик, сепак со недозволиво многу техничлки грешки, буквално им ја подари победата на словенците, не дозволувајќи да ја видиме нивната реална можност.

ВУЈО ГО ОДНЕСЕ ИРАН ВО СЛЕДНАТА ФАЗА, ЦРНА ГОРА СО ДОСТОЕН ОТПОР ПРОТИВ „ФУРИЈАТА“

Во првиот натпревар од оваа група, Иран иако во улога на благ аутсајдер и негатива до самиот крај натпреварот, предводен од Веселин Вујовиќ на клупата, успеа да го совлада Чиле и да обезбеди пласман во следната рунда.

Во „дербито“ на групата, на самиот старт, Црна Гора иако загуби од Шпанија, сепак, благодарение на феноменалните Бранко Вујовиќ и Небојша Симиќ, долго време имаше активен резултат, кревајќи ја својата самодоверба пред важните дуели за пласман во следната фаза. Лазовиќ и Божовиќ одиграа коректна 6-0 зона, поддржани од бундес голманот Симиќ, но нападот со „осамениот“ Бранко Вујовиќ и , денес, невидливиот Радојица Чепиќ и индиспонираниот Милош Вујовиќ (со референца на едно од најдобрите леви крила во светот) немаше шанса против противник од големата четворка.

Шпанија уште еднаш покажа висока иновативност, благодарение на Жорди Ривера, кој командува од клупата со оваа селекција, поставувајќи зонска одбранбена формација која е тешко да се дефинира, а уште потешко да се разбие. Во текот на поголемиот дел од натпреварот, на ниво на еден напад на противникот, зоната на „црвената фурија“ се трансформираше од 5-1 со Алекс Дујшебаев, во длабока зона 4-2 и 3-3, па се до „фластер“ на првиот топчија на црногорците. Спортска интелегенција и спосбност за максимална концетрација се квалитети или подобро кажано предиспозиции кои треба да ги имаат играчите кои треба да ја спроведат оваа тактичка поставеност на тренерот. Од друга страна, во нападот на Шпанија се врати Алекс Дујшебаев, и тоа во улога на среден бек, очекувано имплентирајќи се што беше договорено од страна на селекторот. Неговата дуел игра, продорност и преглед на ситуацијата се додадена вредност на шпанската селекција, која и ова првенство ќе „пука“ на највисок пласман.

ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ НА ЉУБО ОБРАДОВИЌ СО ВИСОК ТРИУМФ ПРОТИВ УРУГВАЈ, ШВЕДСКА ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ГО „СКРШИ“ БРАЗИЛ

Иако само вторпат во својата историја се дел од едно СП и претставуваат тотални анонимуси на светската мапа, предводени од Љубомир Обрадовиќ, репрезентацијата на Зеленортски острови забележа триумф над Уругвај и се пласира во следната фаза. „Трите круни“ пред домашна публика, во очигледен грч од големите очекувања и премиерен настап, не го стартуваа натпреварот според очекувањата, иако пред себе имаа солидна селекција како што е Бразил. Решавачки беа вторите 30 минути, каде што домаќинот на ова СП не дозволи Бразил да постоигне двоцифрен број на голови, одигрувајќи одлична 6-0 зона и постигнувајќи многу брзи голови.

УНГАРИЈА ЈА ОПРАВДА ФАВОРИТСКАТА УЛОГА ПРОТИВ ЈУЖНА КОРЕА, ИСЛАНД И ПОРТУГАЛИЈА ГО ОДИГРАА НАТПРЕВАРОТ НА КОЛОТО

Корпулентаната Унгарија ја оправда улогата и убедливо ја совлада „малата“ и брза Јужна Кореа во првиот натпревар од „групата на смртта“, во која како јаготка на шлагот беше натпреварот кој понуди одличен квалитет и неизвесност, помеѓу Португалија и Исланд.

Предводени од супер-дуото во задната линија Магнусон – Кристијансон и крилото Елисон, Исланд после повеќе од 50 минути неизвесност, успеа да ја совлада Португалија. Видовме две 6-0 зони, различни меѓу себе, компактна зона на „рибарите“ и шпанска одбрана со играчи кои се одлични во дуел еден на еден. Боргез и Интуриза, во голем дел од натпреварот, служејќи се на моименти и со недозволени средства успеваа да ги задржат бековите на Исланд, кои наметнаа игра каде што феноменалниот Гисли Кристијансон на поширок простор напаѓаше на двајцата многу силни но и спори централни бранители на Португалија и создаваше простор за останатите. Разочара индиспонираниот пристап на Арон Палмарсон, кој како што и најавивме, иако не е веќе „прва виолина“ во составот, очекува(в)ме да помогне во одредени моменти. За обележување е и одличната партија на Мигуел Переира, голманот на Португалија, кој успеа да добие доста дуели со предната линија на Илсанд, одржувајќи ја во игра својата селекција во игра до самиот крај. Португалија која понуди доста широк ростер на бекови кои „знаат со топката“ и кружни напаѓачи со одлична реализација, покажа дека ќе биде конкурентна на ова СП и ќе се обиде да се вмеша во борбата за висок пласман.