Машката репрезентација на Македонија загуби од Хрватска со 40-34 во првиот меч од „Кроација Купот“ што се игра во Пореч
Иако можеше разликата да биде многу помала, сепак во финишот нашите ракометари нашите ракометари примија три гола и разликата отиде на шест.
„Добредојден натпревар против ТОП 5 репрезентација со играчи од типот на Циндриќ, Дувњак, Карачиќ…кои играат во големи клубот, репрезентација што ќе атакува на висок пласман. Можам да бидам делумно задоволен од она што го прикажавме, иако можеме да жалиме за некои работи што треба да ги поправиме и да бидеме уште подобри. Најмногу ме налути после последниот тајм-аут, каде што имавме три разлика, а за минута и пол заврши шест гола, а тоа не е реална слика. Сепак тоа е спортот и ова е подготвителен натпревар и треба да научиме за да не ни се случуваат вакви работи на СП. Натпреварот се игра до 60 минута, не е исто да загубиш три и шест разлика. Ќе анализираме добро и се надевам дека ќе научиме доста од овој натпревар со репрезентација што години наназад е во врвот на европскиот и светскиот ракомет“, вели Лазаров.
СП во Полска и Шведска е првото големо натпреварување на кое ќе бидеме без триото Лазаров, Миркуловски и Стоилов.
„Ние немаме избор, мораме да работиме со младите и да направиме промена на генерациите. Некој тоа не го прифаќа, некој го прифаќа. Се нафатив јас и мојот стручен штаб на тешка работа и нема да застанеме. Знам дека критиките се големи, знам дека јавноста сака повеќе, но ракометот оди напред и ќе пробаме да го пратиме. Нема да се предадеме лесно, иако знаеме што не очекува во наредните година и пол. Јас сум доста амбициозен и ние мора да го смениме менталитетот и на секој натпревар да одиме на победа. Ќе видиме што е реалноста, не знам како ќе изреагираат играчите на самиот настан, пред полна сала, пред фаланга и пред други навивачи. Имаме млади ракометари, некои под 20 години, но верувам во тимот и во она што го работиме“, вели Лазаров.
Македонија утре игра со Израел во последниот пријателски натпревар пред заминувањето за Краков на Светското првенство.
Македонија пружи достоен отпор, но триумфот остана за „каубоите“