Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа во женска конкуренција.
Судиската двојка од Македонија, Ненад Николовски и Исмаил Металари, доби задача на дуел во Турција.
Станува збор за натпреварот меѓу Кастамону и норвешкиот Сторхамар, што ќе се игра на 15 јануари од 14:00 часот.
Покрај двојката Металари-Николовски, меѓу официјалните лица на овој дуел ќе биде и делегатот од Хрватска, Синиша Рудиќ.