Репрезентативецот на Словенија и актуелен член на каталонскиот гигант Барселона, Домен Макуц во следната сезона би требало да го носи дресот на Алборг, пренесува „rthandball“.
22-годишниот ракометар, кој со Барселона ја освои шампионската титула во Лигата на шампионите минатата сезона, настапува на позицијата среден бек, но се снаоѓа и на другите бековски позиции.
Алборг на средната бековска позиција на располагање оваа сезона ги има Арон Палмарсон и Клар Феликс.
На крајот од сезоната од данскиот вицепрвак ќе си замине Клар, а ќе дојде новата надеж на Данска, Томас Арнолдсен од Архус, па така Алборг ќе има двајца млади ракометари на позицијата среден бек.
Словенецот во редовите на Барселона настапува од сезона 2019/2020. Во актуелниот европски шампион направи трансфер од Целје.