Селекторот на Шпанија, Жорди Рибера го објави скратениот список на играчи пред настапот на Светското првенство во јануари.
Рибера смета на 21 ракометар, меѓу кои се и тројца голмани, кои ќе ги стартуваат подготовките за Мундијалот во Полска и Шведска.
Од поискусните играчи на списокот се наоѓаат Колаерс, Перез де Варгас, Гурбиндо, Гарсија, тројцата поранешни членови на Вардар, Жоан Кањелас, Хорхе Македа и Алекс Душебаев, кој заедно со неговиот брат Дани не настапија на Европското првенство оваа година…
Шпанија на Светското првенство ќе настапи во групата А и ќе игра против селекциите на Црна Гора, Иран и Чиле.
Светскиот шампион од 2013 година подготовките за Мундијалот ќе ги започне на 26 декември.