- Селекторот на Хрватска, Хрвоје Хорват е нов тренер на бундеслигашот Вецлар. Тој веднаш го презема тимот и ќе биде на клупата заедно со македонската легедна Филип Миркуловски, кој ќе биде негов асистент.
- По Барселона, во трката по шведскиот репрезентативец Јим Готфридсон, се вклучија уште два гиганти. Станува збор за Алборг и Кил, кои можат да му понудат на средниот бек играње во Лигата на шампионите, бидејќи извесно е дека Фленсбург нема да биде таму следната сезона.
- Францускиот Нант активираше „медикал џокер“ и по повредата на голманот Виктор Халгримсон, го донесе досегашниот чувар на мрежата на Спортинг Лисабон, Мануел Гашпар. Португалскиот репрезентативец потпиша договор до крајот на 2023 година и ќе брани во дуо со Иван Пешиќ.
- Холандската репрезентативна голманка, Јара Тен Холте, која имаше одлични настапи на ЕП во Македонија по пет сезони заминува од Борусијиа Дортмунд и во следните четири сезони ќе го брани голот на данскиот Оденсе. Таму веќе играат нејзините колешки од националниот тим – Абинг, Грот, Ветеринг, Хаусхер…
- Рускиот десен бек Ана Вјахирева и норвешката репрезентативка Катрине Лунде ги продолжија договорите со европскиот шампион Вајперс Кристијансанд на уште две сезони. Тие ќе бидат активни до 2025 година, кога Лунде ќе наполни 45 години што значи дека норвешката ветеранка нема намера да ја заврши кариерата.