Понеделникот стандардно не изобилува со многу натпревари. После викендот во кој се играше речиси насекаде денеска на програмата се само неколку дуели во дел од земјите од Европа.
Денеска ќе се игра само во шампионатите на Русија, Исланд, Полска и Србија.
Свој настап ќе има репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, која со ЦСКА Москва ќе гостуваат кај Ставропол во натпревар од рускиот шампионат.
Тимот на Ристовска во претходното коло го совлада ривалот за првото место, тимот на Ростов Дон, па денес се очекува продолжување на победничката серија на московската екипа.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:00 ИЖЕВСК – ЛУЧ (РУСИЈА)
15:30 АСТРАХАНОЧКА – БАЛТИЧКА ЗОРА (РУСИЈА)
16:00 КРАСНОДАР – АДИФ (РУСИЈА)
17:00 РОСТОВ – ФЕНИКС (РУСИЈА)
17:00 СТАВРОПОЛ – ЦСКА (РУСИЈА)
18:30 КОПЕНХАГЕН – АРХУС (ДАНСКА)
20:00 НИШ – ВОЈВОДИНА (СРБИЈА)
20:00 ЈАРОСЛАВ – ПЛОЦК (ПОЛСКА)
20:30 ИР РЕЈКЈАВИК – ГРОТА (ИСЛАНД)
20:30 СТЈАРНАН – ХАФНАРФЈОРДУР (ИСЛАНД)