Еден од помладите тимови во Женската лига, Кузман Вардар во рамки од 11. коло од домашниот шампионат на свој терен беше поразена од Деспина со 24:22.
Во неизвесен натпревар, гостинките од Прилеп ги освоија трите бода, додека Кузман Вардар по одиграниот натпревар упати јавна критика кон судиите Илија Давидовски и Бобан Стојановски, кои ја делеа правдата на дуелот.
Според Кузман Вардар, судискиот пар Давидовски – Стојановски направил низа пропусти, на штета на домаќините, а нивните грешки имале влијание врз резултатот, бидејќи двете екипи играа во егал во текот на сите 60 минути.
Од скопскиот тим не се задоволни од судењето и сите судиски грешки, на нивна штета, ги објавија на видео преку социјалните мрежи. Кузман Вардар не е единствената екипа која досега упатила јавна критика поради лошото судење. Пред извесен период тоа го направи и Чаир.