Дарко Димитриевски во идеалниот тим на колото во Асобал лигата

По одличната партија во дресот на Ваљадолид против неговиот екс тим Адемар Леон, македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, доби големо признание.

Медиа тимот на Асобал лигата го смести левиот бек во идеалниот тим, откако даде пет гола од шест обиди во мечот што Ваљадолид го загуби на домашен терен.

Димитриевски игра во одлична форма по камбекот од Германија во Шпанија оваа сезона, а ова е првпат да се најде во тимот на колото.

Пред три кола и вториот Македонец во Ваљадолид, Димитар Димитриоски се најде во најдобрата седморка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ASOBAL (@asobal)