Ракометарите на Охрид во рамки на 11. коло од Супер лигата ќе го пречекаат тимот на Куманово.
Левото крило на охриѓани, Хазеин Рустамов, вели дека иако влегуваат како фаворити, тоа треба да го докажат на теренот. Додава дека доколку ја повторат играта од првиот натпревар, кога забележаа убедлива победа,ќе слават повторно.
„Во првенството треба со сите екипи да се игра со 100% залагање, нема лесни противници. Ние од натпревар во натпревар ја креваме формата и играме подобро, и тоа треба да го покажеме и во дуелот со Куманово. Имавме несреќен пораз од Алкалоид изгубивме со еден разлика, но тоа не смее да не поремети. Направивме анализа со цел да ги поправиме нашите грешки од тој дуел, и сега треба да излеземе на теренот, да го дадеме нашиот максимум, да забележиме нов успех и трите бода да останат во Охрид“, изјави грузискиот интернационалец.
На табелата Охрид е третопласиран со 18 бода, додека Куманово е седми со 3 бода. Натпреварот Охрид – Куманово се игра во сабота од 18:30 часот во спортската сала „Билјанини извори“.
Андоновски: Да ја одиграме нашата игра и да стигнеме до нова победа и нови три бода