Суперлигашката конкуренција продолжува утре со четири меча кои се на програмата, а дербито меѓу Алкалоид и Вардар ќе се игра в сабота.
Новиот суперлигаш за првпат ќе биде домаќин во салата во Автокоманда, некогашниот дом на Металург, кој сега е дом на Алкалоид.
На првиот меѓусебен меч, Алкалоид даде голем отпор и Вардар тешко стигна до победата, па и сега се очекува интересен натпревар.
Бутел Скопје и Охрид се големи фаворити против Вардар Неготино и Куманово, но гостинските екипи не смеат да се отпишат предвреме. Би требало да биде многу неизвесно во Прилеп, каде ќе гостува Струга.
Во групата Б, Пролет и Тиквеш не би требало да имаат големи проблеми да ја продолжат победничката серија, слично како и Еурофарм Пелистер. Возбудувања се очекуваат на дуелот меѓу вториот битолски тим и Голден Арт, иако битолчани победија убедливо на првата меѓусебна средба.
Суперлига, 11 коло, распоред:
Група А
18/11, 18:00, Бутел Скопје – Вардар Неготино
19/11, 18:00, Алкалоид – Вардар
19/11, 18:30, Охрид – Куманово
20/11, 18:00, Прилеп – Струга
Група Б
18/11, 18:00, Јуниор КВ – Пролет
18/11, 18:00, Тиквеш – Скопје
18/11, 19:00, Радовиш – Еурофарм Пелистер
19/11, 18:00, Еурофарм Пелистер 2 – Голден Арт