Андоновски: Да ја одиграме нашата игра и да стигнеме до нова победа и нови три бода

После поразот од Алкалоид во претходното коло, Охрид ќе бара рехабилитација и враќање на победничките патеки против дебитантот во лигата, Куманово.

Левиот бек на охриѓани, Даниел Андоновски, вели дека не смеат да го потценат противникот и во натпреварот мора да влезат максимално сконцентрирани, да покажат дека се поквалитетна екипа и да стигнат до нова победа.

„Екипата на Куманово има неколку искусни играчи и добар голман, но ако ја изиграме нашата игра, ќе стигнеме до победа и нови три бода. Ние работиме напорно и се подготвуваме за овој натпревар исто како и за сите останати. Најважно е да изиграме добра одбрана, за потоа да следат лесни голови од контра и полуконтра, и така да извојуваме и полесна победа. После несреќниот пораз против Алкалоид ова ќе биде важен натпревар за нас, да го запечатиме нашето место во плеј-офот и да влеземе во подобра положба за пренесување на бод во пролетниот дел“, изјави Андоновски.

 

 

Во првиот дуел одигран на теренот на Куманово, Охрид беше подобар и славеше со 31:22.

Натпреварот од 11. коло од Супер лигата, помеѓу Охрид и Куманово се игра во сабота, 19 ноември, во спортската сала „Билјанини извори“, со почеток од 18:30 часот