Романската репрезентативка Кристина Неагу на натпреварот против Црна Гора, влезе во историјата на европските шампионат.
Левиот бек на Романија стана најдобар стрелец на вечната листа на стрелци на континенталните собири и во машка и во женска конкуренција.
Таа досега има постигнато 296 погодоци, а многу веројатно е дека денеска по дуелот против Германија ќе ја надмине и бројката од 300 гола.
Зад себе ги остави легендите Гудјон Валур Сигурдсон кој има 288 гола, потоа Никола Карабатиќ со 279, Микел Хансен, Јованка Радичевиќ, Агнес Фаркаш…