Една од легендарните голманки, Клара Волтеринг, која двапати ја има освоено Лигата на шампионите со Будуќност, за момент му се врати на ракометот и како тренер на голманите во женската сениорска репрезентација на Германија присуствуваше на натпреварите од Европското првенство, кои се одиграа во Подгорица.
Волтеринг на професионален ангажман работи и како тренер на голманите во Борусија Дортмунд, а најголемиот дел од времето го минува на семејната фарма во Вестфалија.
Настапот на бундес тимот на Европското првенство беше причина да направи камбек на ракометните терени , но и да им помогне на голманките Катарина Филтер и Изабел Роч да имаат забележителен настап на континенталниот собир.
Во својата кариера, Волтеринг настапуваше за Косфелд, Баер Леверкузен, Будуќност и Борусија Дортмунд. Во текот на 2019 година ја заврши клупската кариера во дресот на Борусија Дортмунд, додека за националниот тим на Германија играше во периодот од 2003, па сѐ до 2017 година.
Германија откако ја мина првата фаза, обезбеди пласман во главната рунда на ЕП. Репрезентацијата на Германија вечерва со почеток од 20:30 часот во СЦ ,,Борис Трајковски” ќе игра против олимпискиот првак Франција.
Голманката која беше страв и трепет во Европа, сега работи на фарма