Полската ракометна јавност беше бесна по одиграниот натпревар меѓу Шпанија и Германија, кој заврши со победа на Шпанија од два гола разлика, 23:21. Доколку Германија загубеше со три гола разлика, тогаш селекцијата на Полска ќе патуваше во Скопје и ќе играше против Холандија, Франција и Романија.
За потсетување, репрезентацијата на Полска ја победи Шпанија со 22:21, додека Германија славеше над Полска со 25:23. Во последната минута од натпреварот меѓу Германија и Шпанија, натпревар кој беше одигран во Подгорица имаше многу возбудувања, но и контроверзи.
Шпанија и Германија си „одиграа“ како што им одговара и ја пратија Полска дома. Калкулациите на двете репрезентации предизвика голем гнев кај полскиот селектор.
,,Се разбира, јас сум многу разочаран. Кога ја видов оваа ситуација, бев многу лут. Тоа што тоа го направија Шпанија и Германија е против ракометот и неговата ДНК. Се чувствувам понижено. Се надевам дека нема да се сретнам со Шпанците во скоро време. Добро е што не ги сретнав во хотелот по натпреварот, бидејќи тогаш не знам што ќе се случеше. Ова е целосно неправедно…” изјави Сенстад за данската телевизија ,,ТВ2″.
Шпанија и Германија настапија во групата Д, која се играше во Подгорица. Првото место во оваа група го освои Црна Гора.
Контроверзии на ЕП: Ракометарка се радуваше на гол на противникот! (ВИДЕО)