Репрезентацијата на Црна Гора по успешниот настап во групната фаза каде што го освои првото место во групата Д, денес со чартер лет од Подгорица пристигна во Скопје.
Лидерот во репрезентацијата на Црна Гора, Јованка Радичевиќ за момент го ,,презеде” летот и ги водеше нејзините колешки кон Скопје.
Црногорките со остварените победи против Германија и Шпанија во главната фаза ќе пренесат четири бодови и ќе имаат полесен пат до евентуално полуфинале.
Избраничките на Бојана Поповиќ во главната фаза во Скопје ќе играат против светскиот првак Франција, потоа Холандија и незгодната селекција на Романија.