Македонија со истиот состав брка сензација против Романија

Репрезентацијата на Македонија денес во рамки од 3. коло од Европското првенство за противник ја има Романија, која исто како и македонската репрезентација, беше поразена од Франција и Холандија.

Македонија со победа против Романија ќе обезбеди пласман во главната фаза на Европското првенство. На избраничките на Флорентин Пера им одговара и реми во дуелот против нашата репрезентација.

Селекторот на Македонија, Љубомир Савевски одлучи да настапи со истите 16 ракометарки од претходниот дуел со Холандија.

Анастасија Николовска, Ива Божиноска и Матеа Чурлиновска нема да бидат на располагање за последниот натпревар од групната фаза.

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18:00 часот.