ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија брка изненадување против некогашниот светски шампион

Денеска е четвртиот ден на Европското првенство во Македонија, Словенија и Црна Гора. На денешната програма ќе се одиграат по два натпревари од групата Ц и Д.

Македонија во терминот од 18:00 часот ќе се соочи со Холандија, која во првото коло забележа минимален триумф над Романија.

Избраничките на Љубомир Савевски, откако во првото коло беа убедливо поразени од актуелниот светски шампион Франција, денес сигурно ќе имаат мотивација повеќе за да се покажат во подобро светло, но и да дојдат до изненадување доколку „лалињата“ немаат свој ден.

Во вториот натпревар од групата Ц ќе играат Романија и Франција. На овој натпревар голем фаворит се „триколорките”, но фаворитската улога ќе треба да ја оправдаат на теренот, бидејќи репрезентацијата на Романија била секогаш незгодна против посилните репрезентации.

Останатите два натпревари ќе се одиграат во групата Д. Црна Гора ќе ја брка втората победа на континенталниот собир, а противник ќе и биде Германија, додека Шпанија по поразот од црногорската селекција, првата победа и шанса за пласман во главната фаза ќе ја бара против Полска.

На европска сцена ќе се одиграат неколку натпревари во шампионатот на Исланд, Русија и Турција.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: 

14:00 САКАРИЈА – ИЗМИР (ТУРЦИЈА)

15:00 ИЖЕВСК – ЦСКА (РУСИЈА)

16:00 ЛАДА – ФЕНИКС (РУСИЈА)

18:00 ГЕРМАНИЈА – ЦРНА ГОРА (ЕП)

18:00 МАКЕДОНИЈА – ХОЛАНДИЈА (ЕП)

20:30 РОМАНИЈА – ФРАНЦИЈА (ЕП)

20:30 ШПАНИЈА – ПОЛСКА (ЕП)

20:30 ВАЛУР – СЕЛФОС (ИСЛАНД)