Тимот на Таганрог Уфа или попознат во јавноста како Донски Козаци, е исклучен од рускиот шампионат среде сезона.
Ваквата одлука доаѓа по предлог на Натпреварувачката комисија, која потврди дека клубот не само што доцнел со платите и со плаќањето придонеси на ракометарите, понекогаш ги исплаќал и во плик, а понекогаш и од трансакциски сметки на физички лица.
Клубот добил од федерација определен рок, во кој не ги исполнил своите обврски, а раководството избегнувало контакт со првите луѓе на федерацијата, пишува „Брз Центар“.
Руската федерација ги исклучи и од Купот, а покрај сениорската, ќе бидат исклучени и сите екипи во нивните младински категории.