Селекторот на женската репрезентација на Србија, Урош Брегар го соопшти списокот за завршните подготовки пред почетокот на Европското првенство, кое ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора.
На списокот кај Брегар партиципираат 21 ракометарка, а шест од нив доаѓаат од најдобрите српски клубови.
Поранешната ракометарка на Вардар, кружниот напаѓач Марија Петровиќ, како и екс членката на Металург, средниот бек Кристина Лишчевиќ се меѓу избраните ракометарки за настап на ЕП.
Собирот на селекцијата на Србија е закажан за 23 октомври во Стара Пазова. Избраничките на Брегар во Стара Пазова ќе се подготвуваат на техничко-тактички план за настапот на Европското првенство и таму ќе престојуваат до 2 ноември.
Голмани: Јована Рисовиќ (Крим Меркатор, Словенија), Кристина Граовац (Кишварда, Унгарија), Јелена Ѓурашиновиќ (Јагодина)
Леви крила: Сања Радосављевиќ (Крим Меркатор, Словенија), Александра Стамениќ (Кишварда, Унгарија), Зое Петровиќ (Бекамент), Наташа Четковиќ (Војводина)
Пивотмени: Марија Петровиќ (Бузау, Романија), Едита Нуковиќ (Униот Хале, Германија), Катарина Бојичиќ (Јагодина)
Десни крила: Наташа Ловриќ (Железничар), Јована Богојевиќ (Кристијанштад, Шведска), Ана Којиќ (Шиофок, Унгарија)
Бекови: Јована Стоиљковиќ (Шамбери, Франција), Јована Ковачевиќ (Валчеа, Романија), Катарина Стошиќ (Фехервар, Унгарија), Теодора Мајкиќ (Копер, Словенија), Кристина Лишчевиќ (Дунареа Браила), Јелена Лавко (Дунареа Браила), Андреа Бонер (Црвена Звезда), Анѓела Јањушевиќ (Шиофок, Унгарија)
Србија на Европското првенство е во група со Данска, Шведска и Словенија. Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза.