Во денешните квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2024 големо изненадување направи селекцијата на Грција, која го изненади еден од ривалите на Македонија на СП 2023, Холандија, со победа од четири гола разлика, 32:28 (15:12).
Грција во првото квалификациско коло беше убедливо поразена од Хрватска, но во денешниот дуел против „лалињата“ покажа дека знае да одигра квалитетно против посилни селекции.
Втора победа во квалификациските натпревари оствари Србија. Избраниците на Тони Херона на гостувањето во Кошице кај Словачка славеа со шест гола разлика, 27:21 (16:12).
Романија по неочекуваниот пораз од Австрија во првото коло, денес против Украина триумфираше со 34:26 (18:14) и ги задржа шансите за пласман на континенталниот собир.
Франција во дуелот против Италија немаше поголеми проблеми да дојде до победа од 40:29 (19:13). Италија се обиде да даде колку што е можно поголем отпор во првиот дел и до средината од првото полувреме беше подобриот противник на теренот.
Поискусните ракометари на Франција за пет минути го презедоа водството и останатиот дел од натпреварот го одработија рутински за победа од 11 гола разлика.