Левиот бек Јане Јанчев по две сезони во Тиквеш од Кавадарци, летово се врати на интернационална сцена.
Тој се пресели во германскиот Сул, кој настапува во регионалната Туринген лига, а имаше стартот со победа.
Сул на домашен терен славеше триумф против Зиглехајм со 20 гола разлика, 39-19, а македонскиот интернационалец беше стрелец на пет погодоци.
За овој германски тим веќе трета сезона настапува и Словенецот Тадеј Матијашиќ, кој беше дел од составот на Металург долго време.