Денес се комплетираше 3. коло во женската Лига на шампиони. По вчерашната победа на Мец против Ѓер, денес изненадување направи германскиот шампион Битингхајм, кој на гостувањето во Романија кај ЧСМ Букурешт беше на прагот да направи целосно сензација, но одигра само нерешено, 28:28.
Иако тимот од Германија во најголемиот дел од натпреварот беше во водство и на речиси две минути пред крајот имаше залиха од два гола предност, 28:26, сепак, домашниот состав со погодоците на Дембеле и Ауне израмни на 28:28 и освои голем бод.
Во составот на Битингхајм најефикасни со по пет гола беа искусните Каролина Кудлач и Вероника Мала. Листата на стрелци кај ЧСМ Букурешт беше предводена од Кристина Неагу со осум и Крина Пинтеа со шест гола.
Победа во денешните натпревари остварија и екипите на Рапид Букурешт, кој славеше против Кастамону со 33:26, додека Есбјерг без мака мина против Сторхамар, 33:25.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЖЕНИ, РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА А
БАЊИК МОСТ – КРИМ 29:42 (13:21)
ФЕРЕНЦВАРОШ – БРЕСТ БРЕТАЊ 20:21 (9:12)
ВАЈПЕРС КРИСТИЈАНСАД – ОДЕНСЕ 34:27 (16:10)
ЧСМ БУКУРЕШТ – БИТИНГХАЈМ 28:28 (13:16)
ГРУПА Б
ЛОКОМОТИВА – БУДУЌНОСТ 24:25 (14:13)
ЃЕР – МЕЦ 24:28 (14:18)
ЕСБЈЕРГ – СТОРХАМАР 35:25 (21:10)
КАСТАМОНУ – РАПИД БУКУРЕШТ 26:33 (12:15)