Тимот на Вилербан по двата порази од Дижон и Бордо, ја забележа првата победа во Втората лига на Франција.
Предводен од македонскиот голман Даниел Дупјачанец, Вилербан славеше убедливо против Стразбур со 35-23.
Дупјачанец беше меѓу најзаслужните за триумфот откако успеа да одбрани 12 удари на противничките ракометари со одличен процент на успешност, 40%.
Вилербан во следното коло ќе игра на гостински терен кај Сарбур, во потрага по втор сезонски триумф.