Поранешниот ракометар на Астраион Струмица, Давор Тасковиќ ја напушти екипата на Врање и својата кариера ја продолжи на Блискиот Исток.
Искусниот ракометар, кој настапува на позицијата десен бек потпиша двегодишен со екипата од Израел, Макаби Димона. Српскиот ракометар во сезона 2014/15 настапуваше во шампионатот на Израел, поточно во екипата на Макаби Ришон Ле Зион.
Макаби Димона во изминатата сезона не успеа да обезбеди опстанок во најквалитетната лига во Израел и во оваа сезона мораше да се пресели во понизок ранг на натпреварување.
Тасковиќ низ кариерата ги носеше дресовите и на Железничар Ниш, Диомидис Аргус со кој освои титула во Челинџ Купот, Динамо Букурешт, Макаби Ришон Ле Зион, беше дел од францускиот Понто Комбо, грчкиот ПАОК и австриски Сент Полтен.