Повремениот репрезентативец на Бразил, десното крило Фабио Чиуфа својата кариера ќе ја продолжи во екипата на Гвадалахара, која по една година пауза повторно се врати во Асобал лигата.
Раководството на шпанскиот клуб пред тамошните медиуми официјално го претстави искусниот бразилски ракометар, кој од 2014 до 2016 години го носеше дресот токму на Гвадалахара.
Чиуфа со Гвадалахара потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на истиот доколку двете страни бидат задоволни од соработката.
Десното крило од Бразил во својата кариера настапуваше и за екипите на Спортинг Лисабон, романска Констанца, Колдинг од Данска, Логроњо од Шпанија, а редовите на Гвадалахара ги засили од француски Ница.