Ракометарките на ЧСМ Букурешт во рамки од 4. коло од романскиот шампионат пред својата публика остварија убедлива победа против Залау со 16 гола разлика, 38:22 (20:12).
Избраничките на Адриан Василе уште во првите 30 минути ја покажааа својата доминација на терен и не дозволија да има евентуално изненадување од екипата која е предводена од Георге Тадичи.
Во дел од дуелот имаше убави потези и атрактивни одбрани на голманите, а една од ѕвездите на светскиот ракомет, репрезентативката на Романија, Кристина Неагу го постигна најубавиот гол во 4. коло од шампионатот на Романија.
При напад на ЧСМ Букурешт во првото полувреме, Арнцен, Ауне и Неагу изведоа двоен цепелин кој успешно го реализираше Неагу.
Атракцијата која ја изведоа ракометарките на ЧСМ Букурешт е веќе заштитен знак на македонските репрезентации кои на сите големи натпреварувања или квалификациски натпреварии ја изведуваат истата акција.