Составот на Голден Арт забележа убедлив триумф на првиот од двата подготвителни натпревари во Косово, против тимот на Приштина со резултат 41:30 (19:11).
Најефикасни во денешниот натпревар кај Голден Арт беа Мице Шилегов со седум и Пеце Рајатоски со шест погодоци, додека по пет гола постигнаа Славе Јанковски и Дејан Гошевски.
Утревечер, тимот ќе го одигра и вториот подготвителен натпревар против екипата на Урошевац, каде што тренер е легендата на македонскиот ракомет, Аце Станковски.
Во досегашниот дел од подготовките, тимот на Голден Арт одигра пет подготвителни натпревари и забележа четири победи и еден пораз.
Ракометарите на Голден Арт со освоеното второ место во изминатата сезона во Првата лига, успеаја да направат камбек во македонската елита.
Избраниците на Никола Матлиески во Суперлигата ќе играат во групата Б заедно со екипите на Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Радовиш, Скопје, Пролет, Тиквеш и Јуниор КВ.