Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Хрватска (ЛИНКОВИ)

Репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра последниот натпревар на Светското кадетско првенство, на кое нашата држава е домаќин.

Во натпревар за 11. позиција на кадетскиот Мундијал, избраничките на Љубомир Савевски силите ќе ги одмерат со незгодната репрезентација на Хрватска.

Ракометарките на Хрватска во вчерашниот натпревар против Норвешка покажаа дека можат да се носат со поквалитетни противници, па така „коцкестите“ со сите сили ќе одат на победа против Македонија.

Натпреварот меѓу Македонија и Хрватска ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 16:00 часот, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.