Нексе остана без капитенот пред Вардар: Баришиќ-Јаман ја заврши кариерата!

По Халил Јагањац, хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице остана без уште еден од левите бекови пред стартот на новата сезона.

Словенечкиот интернационалец Саша Баришиќ-Јаман реши да ја заврши кариерата и се прости од Нексе на социјалните мрежи.

Баришиќ-Јаман во Нашице мина 15 сезони од кариерата и стана легенда на клубот кој лани играше на Ф4 во Лигата на Европа.

Левиот бек потекнува од клубот Добова, во татковината играше уште за Копер, а беше дел од австриските Линц и Леобен, како и хрватските Карловац и Вараждин, пред да дојде во Нексе.

Тимот од Нашице го очекува првиот официјален натпревар оваа сезона на гостувањето во Скопје кај Вардар во рамките на четвртфиналето од регионалната СЕХА лига.