Најдобриот руски ракометар во овој момент, Сергеј Марк Косоротов, од сезоната 2023/24, би можел да го облече дресот на унгарскиот гигант Веспрем, пишува полскиот „Спортове Факти“.
Тој од рускиот шампион Чеховски Медведи се пресели во полската Висла Плоцк и имаше сезона од соништата, а одигра одлично и на Европското првенство во Унгарија и Словачка во дресот на руската репрезентација.
Од друга страна, следното лето од Веспрем си оди Расмус Лауге, договорот му завршува и на Петар Ненадиќ, па можеби унгарскиот првак ќе направи уште промени во бековската линија.
Нови играчи од следната сезона ќе биде Аугустин Касадо, Лукас Сандел, Уго Деска и Лудовик Фабрегас, а Веспрем посакува уште едно освежување на левата и средна бековска позиција.