Македонските репрезентативки Леонида Гичевска и Сања Дабевска беа промовирани како нови членки на хрватскиот шампион Локомотива Загреб, па како што најави 24Ракомет, Македонија ќе има трио ракометарки во овој клуб.
Гичевска минатата сезона ја мина во фрнацускиот Ле Самбр Авенуа и беше меѓу најдобрите стрелци во тимот. Претходно играше и за Ле Пузен. Левиот бек, кој може да игра и на другите бековски позиции, потекнува од Свети Николе, три сезони беше дел од составот на Вардар Јуниор, а во сезоната 2017/18 беше дел од Вардар и настапуваше во Лигата на шампионите. Потоа по една сезона мина во составите на Металург и Куманово, пред да замине во Франција, каде ги покажа своите квалитети.
Дабевска минатата сезона ја мина во романскиот тим Дева, а претходно настапуваше во некогашниот европски шампион – унгарскиот Дунајварош. Играше и за грчкиот Јонијас, а во Македонија беше дел од екипите на Гостивар, Металург, Пелистер и Куманово.
Гичевска, Дабевска и Андреа Седлоска, со Локомотива Загреб ќе играат против Ѓер, Будуќност, Сторхамар, Рапид Букурешт, Кастамону, Есбјерг и Мец во Лигата на шампионите.
Се зголеми македонската колонија во Загреб: Сања Дабевска потпиша за Локомотива!