Младата судиска двојка од Македонија, Дамјан Савиќ и Марко Огњановски, го имаат првиот меѓународен предизвик во кариерата.
Тие судат на Униврзитетските игри во полскиот град Лоѓ, а по одлично завршената работа на натпреварите во групната фаза, добија ново делегирање.
Савиќ и Огњановски ќе го судат полуфиналниот натпревар во машка конкуренција меѓу екипите на Универзитетот Мињо од Португалија и Универзтитет Сучеава од Романија.
Натпреварот стартува од 17:30 часот.
Македонската двојка во нашата земја веќе суди во сите натпреварувања под капата на РФМ освен во машката Суперлига, но сигурно не е далеку ниту тој ден кога ќе бидат актери на меч од елитната конкуренција.