Леонида Гичевска потпиша за клуб од Лигата на шампионите!

Македонската репрезентативка Леонида Гичевска, во новата сезона ќе ги браните на хрватскиот првак Локомотива Загреб, дознава 24Ракомет. Таа потпиша за клубот што ќе биде дел од најелитното женско клупско натпреварување, Лигата на шампионите и ќе биде втората Македонка во Загреб по Андреа Седлоска.

Гичевска минатата сезона ја мина во фрнацускиот Ле Самбр Авенуа и беше меѓу најдобрите стрелци во тимот. Претходно играше и за Ле Пузен.

Левиот бек, кој може да игра и на другите бековски позиции, потекнува од Свети Николе, три сезони беше дел од составот на Вардар Јуниор, а во сезоната 2017/18 беше дел од Вардар и настапуваше во Лигата на шампионите. Потоа по една сезона мина во составите на Металург и Куманово, пред да замине во Франција, каде ги покажа своите квалитети.

Иако требаше следната сезона да ја игра во Романија, сепак тој трансфер не се реализира, а тоа на крајот беше и позитивно, бидејќи со новиот клуб Локомотива ќе игра во Лигата на шампионите.

Гичевска и Локомотива Загреб ќе играат против Ѓер, Будуќност, Сторхамар, Рапид Букурешт, Кастамону, Есбјерг и Мец.