По девет сезони минати во Вардар, рускиот интернационалец Тимур Дибиров побара нов предизвик во кариерата.
Тој потпиша едногодишен договор со хрватскиот првак Загреб и веќе од денеска е во хрватската престолнина.
„Плинарите“ спектакуларно го најавија големото засилување и ја пречекаа вардаровата легенда на аеродромот „Фрањо Туџман“.
Од утре Загреб под водство на тренерот Ивица Обрван ќе ги започне подготовките за новата сезона во која „плинарите“ ги чекаат големи предизвици.