Денеска стартуваше вториот ЕХФ шампионат за младинци во градот Варна во источниот сосед.
Покрај мечот на Македонија и Украина, во нашата група се одигра и дуелот меѓу Романија и Косово, кој што заврши со убедлив триумф на Романците, 39-26.
Во групата А, фаворитите забележаа исто така очекувани победи. Израел и јужниот сосед славеа против Луксембург и Велика Британија.
Слободни во првото коло беа Швајцарија и Литванија.
Македонската репрезентација утре од 18:00 часот ја очекува натпревар против селекцијата на Косово.
ЕХФ шампионат, младинци, резултати 1 коло:
група А
Израел – Луксебург 32-26
Грција – Велика Британија 37-26
група Б
Македонија – Украина 23-23
Романија – Косово 39-26