Со одигрувањето на последното коло од групната фаза на Африканското првенство, познати се сите четвртфиналисти, кои ќе се борат за пласман на Светското првенство 2023, кое ќе се одржува во Полска и Шведска.
Место меѓу 8-те најдобри, од кои првите пет репрезентации ќе се пласират на Мундијалот, обезбедија селекциите на Египет и Мароко од групата А, потоа Гвинеја и Алжир од групата Б, Тунис и Зеленортските Острови од групата Ц и репрезентациите на Ангола и Конго, како претставници од групата Д.
Во денешните натпревари немаше изненадувања, фаворитите одиграа според планот и ја оправдаа фаворитската улога. Египет убедливо го доби натпреварот против Мароко за првото место во првата група, со 36:21 (18:12). Во борба за второто место во групата Б, Алжир беше подобар од Габон со два гола разлика, 25:23 (16:12).
Во групата Ц, Тунис немаше проблеми против Зеленортските Острови, триумфираше со 30:24 (10:14), со што го освои првото место во својата група. Во неизвесен натпревар, Ангола славеше против Конго со 32:31 (18:16) во натпревар за првата позиција во групата Д.
Четвртфинални двојки:
АЛЖИР – ЕГИПЕТ
КОНГО – ТУНИС
ГВИНЕЈА – МАРОКО
АНГОЛА – ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ
Четвртфиналните дуели ќе се одиграат на 15 јули, полуфиналето е закажано за 16 јули, додека финалето и натпреварот за трето место ќе се одиграат на 17 јули. Во 2020 година, титулата на Африканското првенство ја освои репрезентацијата на Египет, откако во финалниот натпревар го совлада Тунис со 27:23.