Репрезентацијата на Србија на Европското младинско првенство во Португалија обезбеди пласман во главната фаза, откако во последното коло беше убедлива против репрезентацијата на Италија, со резултат 34-29.
Србија во првото коло ремизираше против Исланд, потоа успеа да го изненади актуелниот бранител на титулата, Германија, а денес не дозволи да направи кикс и успешно го завери пласманот меѓу 8-те најдобри репрезентации на младинскиот континентален собир.
Пласман во главната фаза обезбедија и репрезентациите на Шпанија и Португалија од група А, потоа Данска и Унгарија од група Б, Шведска и Франција од група Ц и репрезентацијата на Германија која заедно со Србија се патници од група Д.
Натпреварите од главната фаза ќе стартуваат на 12 јули и ќе се играат до 13 јули, потоа најдобрите две репрезентации од првата и втората група ќе играат во полуфиналето. Останатите репрезентации ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 место, додека репрезентациите кои не обезбедија влез во главната фаза, ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.
ЕВРОПСКО МЛАДИНСКО ПРВЕНСТВО, 3. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА А
НОРВЕШКА – ПОЛСКА 26:32 (10:15)
ШПАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 35:36 (16:15)
ГРУПА Б
УНГАРИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ 40:21 (19:8)
СЛОВЕНИЈА – ДАНСКА 27:34 (15:17)
ГРУПА Ц
ХРВАТСКА – ШВЕДСКА 24:27 (11:17)
ФРАНЦИЈА – ЦРНА ГОРА 29:23 (16:12)
ГРУПА Д
ГЕРМАНИЈА – ИСЛАНД 35:27 (17:15)
ИТАЛИЈА – СРБИЈА 29:34 (11:19)