Некогашниот ракометар на Струга, Перо Арсоски, во новата сезона ќе има двоен предизвик во тренерската кариера.
Тој ќе биде тренер на женскиот шампион на Малта, Ла Сале, како и на младинскиот тим во овој клуб.
Покрај тоа што е активен како тренер, тој се уште е активен на терените и како играч, во машкиот тим Ла Сале, кој исто така стигна до шампионската титула.
Женскиот тим на Ла Сале, беше ривал на битолски Пелистер пред пет сезони во тогашниот Челинџ Куп.
Арсоски пред четири сезони замина од Македонија и оттогаш е член на шампионот на Малта.