Запознајте го „новиот“ Микел Хансен (ВИДЕО)

Денеска во Португалија стартуваше Европското младинско првенство за ракометари до 20 години.

Во првото коло, изненадување направи репрезентацијата на Фарски Острови, која ја совлада Данска со 33:32 (15:15), во натпревар од групата Б.

Свое шоу на теренот имаше ракометарот од Данска, Томас Арнолдсен, кој постигна 12 погодоци, кои беа недоволни за поволен резултат на неговата репрезентација.

Ракометарот на Скандерборг Архус, кој од следното лето, односно од сезона 2023/24 ќе настапува во богатиот проект на Алборг, својот квалитет го покажа уште на стартот на Европското младинско првенство, а медиа тимот на ЕХФ го најави како „новиот“ Микел Хансен.