Денеска во Варна (Бугарија) продолжија натпреварите од првиот ЕХФ шампионат за ракометари до 20 години.
За потсетување, младинската селекција на Македонија ќе биде дел од истото вакво натпреварување кое ќе стартува на 16 јули и ќе се игра до 24 јули.
На денешната програма беа одиграни два натпревари од групата Б. Победа остварија репрезентациите на Австрија и Холандија, кои со новите освоени бодови обезбедија полуфинале, додека Словачка, Грузија и Турција ќе разигруваат за 5 до 11 место.
Репрезентацијата на Холандија имаше лесна задача против Грузија, славеше со десет гола разлика 34:24 (15:12). И Австрија немаше проблем во својот трет натпревар, убедливо ја совлада Словачка со седум гола разлика, 36:29 (17:15).
Шампионите од ова натпреварување ќе обезбедат место на Светското првенство за младинци во Хрватска следната година.