Во изминатата сезона во Лигата на шампионите, Барселона успеа да ја одбрани титулата на фајнл-фор турнирот во Келн, откако во финалето го совлада Келце по изведувањето на пенали, со резултат 37:35.
Од редовите на Келце, кружниот напаѓач, Артем Каралек, беше прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир во Лигата на шампионите, односно за МВП.
Искусниот ракометар, кој одигра во одлично издание на Ф4 турнирот во Келн, за рускиот „Брз Центар“ зборуваше за завршницата од Лигата на шампионите и за многу ракометни теми. Членот на Келце истакна дека добиеното признание за најкорисен играч (МВП) би му го доделил на најдобриот стрелец од изминатата сезона, Алеиш Гомез.
,,Јас не би направил таков избор. Би ја доделил МВП титулата на Алеиш Гомез од Барселона. Впрочем, ракометот е пред сѐ спектакл и голови. Фановите сакаат да ги наградат најпродуктивните. Но, изборот на професионалци, тренери често е различен”, изјави Каралек за „Брз Центар“.