Српскиот интернационалец кој настапува во Шпанија во екипата на Теукро, Марко Ѓокиќ ќе мора привремено да ја прекине кареирата затоа што му е дијагностициран рак на тестисите.
Откако клубот ја сподели информацијата на Твитер, веднаш со пораки за поддршка се приклучија поранешните клубови на Ѓокиќ.
Од Туекро му порачаа на Ѓокиќ дека го очекуваат да се врати посилен на терените.
„Ние сме со тебе, сега повеќе од било кога сино-белото семејство нема да те напушти. Ќе се вратиш посилен“, гласи соопштението на клубот каде што средниот одбранбен играч приситигна во 2019 година.
Синот на покранешниот ракометар Горан Ѓокиќ, претходно во кареирата има насапувано во повеќе шпански екипи. Марко има настапувано за Гвадалахара, Пуерто Сагунто, Сиудад Енкатада и Кордоба.