Еден од најдобрите стрелци од минатата сезона во Првата машка лига, средниот бек Ѓорѓе Банцалиски е на чекор да го направи првиот интернационален предизвик, откако неколку прволигаши од Холандија покажаа интерес за ангажирање на младиот и талентиран ракометар од Партизан Гевгелија.
Банцалиски, моментално, тренира во холандскиот прволигаш, Динамико, а за неколку денови треба да биде познато дали ќе остане во споменатиот клуб. За Банцалиски интерес имаше и од клубови од Белгија и Германија, но 20 годишниот ракометар како нова средина ја избра Холандија.
Средниот бек во минатата сезона беше незадржлив на терените и претставуваше закана за сите противници во прволигашкото друштво. Освен за Партизан играше и за матичниот клуб Младост од Богданци.
Во сезоната која што измина, Банцалиски заврши како трет стрелец во Првата лига со вкупно 175 погодоци. На дел од прволигашките натпревари не беше во составот на клубот од најјужниот град во Македонија.
Ѓорѓе Банцалиски сам против сите – постигна 20 гола против Текстилец!