Фабрегас: Сакам да му помогнам на Веспрем да ја освои Лигата на шампионите

Екпата на Веспрем направи доста измени во составот за следната година и пред само некоклу дека промовираше нови четири играчи, еден од нив е францсукиот репрезентативец Лудовик Фабрегас.

Трикратниот освојувач на Лигата на шампионите зборуваше за „Nemzeti Sport“ за неговата преселба од Барселона во Веспрем на крајот од сезоната 2022/23.

„Не е лесно да се напушти голем клуб како Барселона. Овде се чувствувам убуаво како спортист и како човек, мојата девојка е од Каталонија. Кога разговарав со Ласло Наѓ и Момир Илиќ, меѓу нас брзо се разви меѓусебна доверба, што стана пресуден фактор. И откако ги направија плановите за наредните години, одлуката не беше толку тешка. Ова е голем чекор во мојот живот и ми се допадна новиот предизвик. Знам дека клубот и навивачите долго време се желни за трофејот во Лигата на шампионите и сакам да ги освојам сите титули со Веспрем. Би сакал да помогнам со моето искуство, да дадам пример со мојот став и волја за победа. Јас сум добар тимски играч. Моите двајца соиграчи во француската репрезентација, Кентан Мае и Хуго Деска, ќе ми бидат од голема помош во адаптацијата во новиот клуб. Кантан веќе ми кажа многу за системот на игра, тимот и градот. Јас и Југо бевме многу среќни кога дознавме дека ќе продолжиме да играме заедно. Овие момци никогаш не се здодевни, создаваат одлична атмосфера во соблекувалната “, изјави Фабрегас.

Фабрегас од Монпелје пристигна во Барселона, а Веспрем ќе биде неговиот трет клуб во кариерата.