Екипата на Пелистер продолжува да го комплетира тимот за следната сезона и денеска раководството на клубот го претстави второто засилување.
Со Пелистер едногодишен договор потпиша младата ракометарка, Сара Илиевска, која игра на позиција лево крило. Претходно клубот се засили со ракометарката од Деспина, левиот бек, Сања Цветковска.
Илиевска во редовите на Пелистер пристигнува од градскиот ривал, Феникс, клуб со кој играше во Женската лига и во минатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во тимот на Николче Костовски.
До стартот на сезоната треба да пристигнат уште две до три засилувања во Пелистер, додека подготовките на екипата ќе започнат во август.