Од Прилеп во Битола: Сања Цветкоска се пресели во Пелистер

Една од најдобрите ракометарки од екипата на Деспина, Сања Цветкоска, која во сезоната што измина беше во топ 30 стрелци во Женската лига, реши да го напушти прилепскиот состав.

Прилепчанката во следната сезона ќе настапува за екипата на Пелистер. Левиот бек треба да донесе свежина во нападот во младиот состав на битолчанки, кои во изминатата сезона покажаа солидни резултати.

Цветкоска во нејзината кариера го носеше дресот на Деспина, а тимот од Битола треба да и биде отскочна даска за поголем напредок и развој.

,,Спремна сум за новиот предизвик и се надевам дека ќе се покажам во најдобро светло во новиот клуб. Голема благодарност до раководството на Деспина и до тренерот Страшо Илиески за досегашната соработка”, изјави Цветкоска за 24Ракомет.

21-годишната ракометарка со раководството на Пелистер потпиша едногодишен договор. Пелистер играше во плеј-оф фазата во Женската лига, но не успеа да направи поголем чекор и сезоната ја заврши на 8. позиција на табелата.

Амбициите на Пелистер за следната сезона остануваат исти, подобри резултати и борба за „златна средина“ на табелата.