Миркуловски се обрати на македонските поддржувачи: Вие сте заслужни што стигнав до ова ниво (ВИДЕО)

Македонската легенда Филип Миркуловски денеска го одигра својот последен натпревар во играчката кариера.

Во „Ритал Арена“ во Вецлар тој беше испратен на најубав начин, а им се обрати на сите поддржувачи од Македонија на македонски јазик.

„Ви благодарам многу што дојдовте. Вие сите бевте дел од мојата кариера, ме следевте насекдае, и вие на еден начин сте заслужни што го достигнав ова ниво. Голема благодарност до Баге што ме трпеше овие 20 години и ми беше моја најголема поддршка“, кажа Миркуловски.

Вецлар на последниот меч славеше против Минден со 30-28, а нашиот среден бек даде два гола.

Од следната сезона, Миркуловски ќе биде асистент тренер на Бен Мачке.