По седум сезони минати во Вецлар и во Бундес лигата, Филип Миркуловски, ја заврши играчката кариера.
Поддршка за Миркуловски на трибините во Вецлар имаше од некогашните негови соиграчи Гоце Георгиевски и Ацо Јоновски.
Тој денеска го одигра последниот натпревар во кариерата против Минден, на кој неговиот Вецлар славеше со 30-28, а Миркуловски даде два гола.
Средниот бек потекнува од составот на Македонија, ги бранеше боите на Младост Богданци и Металург, а во Бундес лигата освен за Вецлар играше и за Хановер.