Убави вести за Барселона – Фабрегас ќе биде подготвен за Ф4 во Келн

Ракометарот на Барселона, Лудовик Фабрегас ќе биде подготвен за завршниот турнир во Келн што е одлична вест за тренерот на екипата Антонио Карлос Ортега.

Медицинскиот тим на клубот даде дозвола Фабрегас да се врати на терените и настапи на финалниот натпервар во Купот на Шпанија. На овој дуел пикерот беше еден од најдобрите во својот тим.

Враќањето на Фабрегас е исклучително важно бидејќи во полуфиналето Барселона ќе игра финале пред финалето со Кил. Веста дека пикерот се враќа на терените ја објави клубот на својот Твитер профил.